19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКузмановски ja скрши дланката, нема да оди на СП!

Кузмановски ja скрши дланката, нема да оди на СП!

kuzmanovski-skrsenica

Филип Кузмановски поради повреда ќе го пропушти Светското ракометно првенство во Франција. Младиот играч на Металург се повреди во неделата на натпреварот со Татран Прешов (26:20).

Бекот на Металург и македонската репрезентацијата, Филип Кузмановски, во раната фаза на натпреварот се здоби со скршеница на дланката на десната рака.

Клубот денеска, по дополнителните прегледи, ќе се огласи за сериозноста на повредата, но вообичаено рехабилитацијата од ваквите повреди трае околу осум недели.

Ова значи дека Кузмановски ќе го пропушти Светското првенство во Франција, кое ќе се игра во јануари наредната година.

„Задоволен сум од победата, но ми се плаче поради Кузмановски. Ова е голем удар за клубот, репрезентацијата и за него. Се надевм дека доколку постои и најмала можност ќе настапи на Светското првенство во Франција“, рече тренерот на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар.

Повредата на Кузмановски е уште еден голем хендикеп за тимот од Автокоманда, кој од стартот на сезоната, речиси и да нема одиграно натпревар во комплетен состав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП