26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејвис куп: Трофејот за Аргентина

Дејвис куп: Трофејот за Аргентина

Argentina's team lifts the Davis Cup trophy after winning the final against Croatia in Zagreb, Croatia, Sunday, Nov. 27, 2016. Argentina defeated Croatia 3-2 in the Davis Cup final.(AP Photo/Darko Bandic)

Тениската репрезентација на Аргентина го освои Девис купот прв пат во својата историја. Аргентинците, во Загреб, со пресврт ја совлада Хрватска со 3:2. Решавачкиот поен за Аргентина го освои Федерико Делбонис кој во три сета го победи Иво Карловиќ.

Хуан Мартин дел Порто и Федерико Делбонис се заслужи за неверојатниот пресврт во Загреб, по кој Аргентина ја освои првата титула во Девис купот во својата историја.

Хрватите беа на една победа од освојувањето на титутла, но најпрвин Делпо, а потоа и Делбонис го шокираа Загреб.

Делпо против Чилиќ губеше 2:0, но успеа да победи 6:7, 2:6, 7:5, 6:4, 6:3. Охрабрен од големата победа на Делпо, Делбонис во последниот меч одигра совршено и во три сета го совлада Иво Карловиќ 6:3, 6:4, 6:2.

Инаку аргентинските тенисери имаа поддршка од легендарниот Диего Марадона, кој на крајот од финалето го доби рекетот на Дел Потро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП