28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург го победи Татран Прешов во ракометната ЛШ

Металург го победи Татран Прешов во ракометната ЛШ

filip-taleski-696x500

Ракометарите на Металург во неделата ја втората во низа инаку четвртата победа во годинешново натпреварување во Лигата на шампионите, совладувајќи го Татран Прешов со 26-20.

Мечот по кој Металург се искачи на третата позиција во Групата Ц, почна лошо за македонскиот претставник кога при водство на гостите 0-3 се повреди репрезентативецот Филип Кузмановски, кој се здоби со скршеница на раката.

Сепак, по израмнувањето на 5-5, „металурзите“ направија серија и поведоа со 8-6, на што возвратија Словаците стигнувајќи до израмнување 9-9. Расположениот Филип Талески, пак, се погрижи Металург да замине на одмор со предност од 11-10.

Второто полувреме Металург го отвори со фантастична серија од четири погодоци стигнувајќи до првата позначајна предност на мечот од 15-10. Татран успеа да намали само на 14-16, по што следуваше новата серија на домашните од четири голови и зголемување на разликата на шест гола (22-16), која набрзо беше зголемена на седум погодоци, а следуваа конечните 26-20.

Кај Металург се издвои голманот Дарко Арсиќ со 16 одбрани, кој му даде поддршка на Филип Талески кој постигна десет голови, следен од Александар Гуглета и Немања Обрадовиќ со по пет 5 погодоци. Кај Татран, Оливер Рабек постигна осум голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП