3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГП Абу Даби: Победата за Хамилтон, титулата кај Розберг

ГП Абу Даби: Победата за Хамилтон, титулата кај Розберг

rozberg-samion

Германецот Нико Розберг од тимот на Мерцедес во неделата првпат во кариерата ја освои титулата светски шампион во Формула 1, откако во поседната трка сезонава за Големата награда на Абу Даби беше втор, зад клупскиот и единствениот конкурент за титулата Британецот Луси Хамилтон.

Во последната трка од сезоната Нико Розберг влезе со предност од 12 поени, и во случат доколку Луси Хамилтон победи, како и што се случи, доволно за насловот му беше и третото место.

Хамилтон, кој има три титули од 2008,2014 и 2015 година, ја оствари четвртата победа во серија или десетта во сезонава и 53-та во кариерата. Меѓутоа, на крајот остана втор во генералниот поредок за Светското првенство, зад Розберг кој оствари девет победи оваа сезона.

Розберг е третиот Германец кој ја освоил титулата шампион во Формула 1, пред него тоа го остварија Михаел Шумахер и Себастијан Фетел.

Покрај тоа, тој е и само вториот син на светски првак кои и самиот дошол до титулата. Неговиот татко, финскиот возач Кеке Розберг ја освои титулата во 1982 година. Првиот ваков случај беше во 1996 година кога Дејмон Хил стана шампион, а неговиот татко Греам Хил беше првак во 1962 и 1958 година.

Инаку во Абу Даби беа постигнати следните резултати:

1. Луис Хамилтон (ВБ/Мерцедес) 1: 38: 04013
2. Нико Розберг (Германија/Мерцедес) 00: 00439
3 Себастијан Фетел (Германија/Ферари) 00: 00843
4. Макс Верстапен (Холандија/Ред Бул – ТАГ Хеуер) 00: 01685
5. Даниел Рикардо (Аус/Ред Бул – ТАГ Хеуре) 00: 05315
6. Кими Раиконен (Фин/ Ферари) 00: 18,816
7. Нико Хуелкенберг (Германија /Форс Индија – Мерцедес) 00: 50,114
8. Серхио Перез (Мекс/ Форс Индија – Мерцедес) 00: 58.776
9. Фелипе Маса (Бра/ Вилијамс-Мерцедес) 00: 59436
10. Фернандо Алонсо (Шпа/ Мекларен) 00: 59.896

Генерален пласман

1. Нико Розберг (Гер) Мерцедес 385
2. Луис Хамилтон (ВБ) Мерцедес 380
3. Даниел Рикардо (Аус) Ред Бул 256
4. Себастијан Фетел (Гер) Ферари 212
5. Макс Верстапен (Хол) Ред Бул 204
6. Кими Раиконен (Фин) Ферари 186
7. Серхио Перез (Мекс) Форс Индија 101
8. Валтери Ботас (Фин) Вилијамс 85
9. Нико Хуелкенберг (Гер) Форс Индија 72
10. Фернандо Алонсо (Шпа) Мекларен 54
11. Фелипе Маса (Бра) Вилијамс 53
12. Карлос Саинц Јуниор (Шпа) Торо Росо 46
13. Роман Грожан (Фра) Хас 29
14. Данил Квјат 14 (Рус) Торо Росо 25
15 Џенсон Батон (ВБ) Мекларен 21
Редослед кај конструкторите

1. Мерцедес 765
2. Ред Бул – ТАГ Хеуер 468
3. Ферари 398
4. Форс Индија – Мерцедес 173
5. Вилијамс Мерцедес 138
6. Мекларен 76
7. Торо Росо – Ферари 63
8. Хас – Ферари 29
9 Рено 8
10 Заубер – Ферари 2
11 Манор – Мерцедес 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП