6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар доживеа сообраќајна несреќа(видео)

Нејмар доживеа сообраќајна несреќа(видео)

nejmar

Напаѓачот на Барселона, Бразилецот Нејмар, доживеал сообраќајна несреќа со својот автомобил, но не е повреден и ќе може да игра „без проблеми“, објави во неделата телевизијата TV3 повикувајќи се на извори од каталонскиот клуб.

На снимките со кои располага телевизијата може да се види црвеното „ферари“ како останува во спротивна насока во кружен тек. Предниот дел од автомобилот бил полесно удрен.

„Доживеа сообраќајна несреќа, но без последици и може нормално да патува. Автомобилот е малку чукнат, но Нејмар не е“, рекол извор близок на Барселона.

Според телевизијата TV3, несреќата се случила додека Нејмар одел кон кампот на Барса на собир на играчите пред заминување на пат кон Сан Себастијан, каде што каталонскиот клуб вечерва игра во 13-то коло од шпанското првенство против Реал Сосиедад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП