2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНашите каратисти се закитија со златни медали на Европското првенство во Крањска...

Нашите каратисти се закитија со златни медали на Европското првенство во Крањска Гора

karate

Македонската химна во саботата и третпат беше интонирана на завршницата на Европското првенство во традиционално карате кое се одржува во словенечка Крањска Гора, откако националниот јуниорски ката тим го освои златниот медал.

За шампионскиот ката тим на европскиот шампионат настапија Мила Саздова, Берта Милевска и Антонија Белазелкоска. Во оваа категорија второто место го освои домашната екипа на Словенија, а бронзата им припадна на натпреварувачките од Романија.

Претходно во саботата во Крањска Гора најдобриот македонски каратист Дејан Недев го освои историското злато и првпат стана шампион на Европа во дисциплината кати поединечно за сениори на шампионатот на кој Мила Саздова во кадетска конкуренција освои златен медал.

Натпреварите во саботата продолжуваат во дисциплините кумите, кого кумите и фукуго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП