1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕто не плаќал данок, му се заканува затворска казна

Ето не плаќал данок, му се заканува затворска казна

nintchdbpict000004630789

Самуел Ето има слични проблеми со кои се соочија Лео Меси и Нејмар, откако шпанското обвинителство побара казна затвор во времетраење од 10 години поради неплаќање на данок.

Шпанските даночници откриле дека Камерунецот, во периодот кога настапувал во Барселона (2006-2009) затаил данок во износ од 3,5 милиони евра.

Ето е еден од првите фудбалери кој се соочи со шпанските правосудни органи поради неплаќање на данок, потоа започна серија на судења на познати фудбалери, а на обинителната клупа меѓудругите се најдоа Меси, Алексис Санчез и Нејмар.

Обвинителот за Ето побарал десетгодишна затворска казна, а доколку биде прогласен за виновен, Камерунецот ќе треба да плати и парична казна во износ од 14 милиони евра.

Ето во моментов настапува во турското првенство во дресот на Анталија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП