17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтивен Џерард објави крај на кариерата (видео)

Стивен Џерард објави крај на кариерата (видео)

sg8-00

Стивен Џерард еден од најдобрите англиски играчи во овој век објави дека решил да ја заврши фудбалската кариера. Легендарниот капитен на Ливерпул, кој минатата сезона настапуваше во ЛА Галакси на 37-годишна возраст ја заврши кариерата.

„Објавувам дека се повлекувам од професионалниот фудбал. Имав неверојатна кариера и блaгодарен сум на секој момент кој го имав во фудбалот“, рекол Џерард.

Последниот потег во неговата кариера беше пеналот кој го изведе за ЛА Галакси, во полуфиналето на Западот во МЛС лигата, а го совлада поранешниот ривал од Евертон, Тим Хауард.

Познат и како Стиви Џи, Џерард 17 години мина во клубот на својот живот, Ливерпул, кој 12 години го предводеше како капитен. Во црвениот дрес одиграл 710 натпревари на кои постигнал 186 голови.

„Уште како тинејџер го исполнив сонот од детството, да го облечам црвениот дрес на Ливерпул. Кога дебитирав против Блекбурн во ноември 1998 година не можев да помислам што се ќе постигнам во наредните 18 години. Среќен сум и горд на неколку моменти во кариерата, горд сум што одиграв повеќе од 700 натпревари за Ливерпул“.

Џерард со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2005 година, но не успеа да ја освои Премиерлигата. За англиската репрезентација настапил на 114 натпревари, постигнал 21 гол.

„Горд сум што имав своја улога во враќањето на славата на Ливерпул. Горд сум што бев дел од онаа истанбулска ноќ кога ја освоивме ЛШ. Сакам да им се заблагодарам на сите во Ливерпул, горд сум што бев капитен и што играв толку години. Посебна благодарност упатувам до Стив Хајвеј, Деј Шанон и Хју Меколи кои веруваа во мене кога ја започнував кариерата“.

Џерард изминатите две години настапуваше за ЛА Галакси, за овој тим постигна пет гола на 38 одиграни натпревари, но ниту во САД не успеа да ја освои шaмпионската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП