29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе запира слободниот пад, Македонија 162-ра на ФИФА листата

Не запира слободниот пад, Македонија 162-ра на ФИФА листата

fudbaleri-mkd-33

Продолжува слободниот пад на фудбалската репрезентација на Македонија на ФИФА ранг листата. ФИФА, во петокот, го објави најновото рангирање на фудбалските репрезентации, на кое Македонија се наоѓа на 162-то место.

Македонската фудбалска репрезентација го бележи својот најлош пласман на ранг листата на ФИФА. Репрезентацијата во однос на претходното рангирање бележи пад за седум места и од петокот е 162-ра на ФИФА листата.

Оваа позиција ја става Македонија зад земји кои не можат да се пофалат со некоја фудбалска традиција, како Белизе, Танзанија, Аруба, Кинески Тајпеј, Гранада, Малезија, Барбадос, Малдиви, Сао Томе и Принципе, Чад, Суринам, Тахити, Јемен…

Кога ќе се погледне пласманот на сите европски репрезентации на листата на ФИФА, зад Македонија има само седум репрезентации: Молдавија, Косово, Малта, Лихтенштајн, Сан Марино, Андора и Гибралтар.

Од противниците на Македонија во квалификациската група Г, за пласман на Мундијалот во Русија, полош рејтинг има само Лихтенштајн (189), а подобри се Израел кој бележи прогрес од 25 места и се наоѓа на 54-та позиција, потоа Албанија (49), Италија (16) и Шпанија (10).

Инаку, ФИФА листата ја предводи Аргентина, пред Бразил, Германија, Чиле и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП