18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрифатен предлогот на ЖРК Вардар, се враќа регионалната лига

Прифатен предлогот на ЖРК Вардар, се враќа регионалната лига

zrkp33

На предлог на ЖРК Вардар по неколку години пауза повотрно ќе се игра женската регионална лига (VRHL).

Женската ракометна регионална лига во која во минатото играа екипи од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Австрија … повторно се враќа, но со изменет систем и со само четири екипи, односно оние кои се најквалитетни на просторите на поранешна Југославија.

На состанокот кој се одржал во Подгорица, предлогот на ЖРК Вардар бил профатен од останатите три тима Будуќност, Крим и Подравка.

Предлогот е во лигата да бидат организирани четири турнири, кои би се играле во периодот од јануари до април, во викендите кога тимовите нема да имаат обврски во Лигата на шампионите.

Овој период е исклучително важен за овоие екипи, бидејќи тие немаат вистинска конкуренција во своите национални првенства, поради што и не можат на вистински начин да ја темпираат формата за финишот на сезоната.

Од оваа четворка, три тима (Вардар, Крим и Будуќност) изборија пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.

Според договорот, првиот турнир ќе се игра во Подогорица на 15 и 16. јануари, Подравка ќе биде домаќин на вториот турнир на 25 и 26. март, третиот турнир ќе се одигра во Словенија, а домаќин ќе биде Крим на 1. и 2. април.

Последниот турнир на 29 и 30. април ќе се одржи во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП