ИНТЕРЕСНО

Ферги рекордер во Британија со 49 титули

alexx

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон постави рекорд во британскиот фудбал со тоа што дојде до 49-иот клупски трофеј во неговата тренерска кариера. Избраниците на Фергусон синоќа на „Олд Трафорд“ триумфираа со 3:0 над Астон Вила и со тоа дојдоа до шампионската титула во Премиер лигата. Шкотскиот стратег ја започна својата кариера во Ист Стирлинг во 1974-та година, а од 1986-та година наваму го предводи Манчестер Јунајтед.

Трофеи во тренерската кариера на Сер Алекс Фергусон:

* Сент Мирен

1-Шампион на шкотската втора дивизија: 1976-77

* Абердин

3-Титули шампион на Шкотска: 1979-80, 1983-84, 1984-85

4-Купа на Шкотска: 1981-82, 1982-83, 1983-84, 1985-86

1-Лига Куп на Шкотска: 1985-86

1-Куп на Победниците на Куповите: 1982-83

1-Суперкуп на УЕФА: 1983

* Манчестер Јунајтед

13-Шампион на Премиер лигата на Англија: 1992-93, 1993-94,

1995-96, 1996-97, 1998-99, 1999-2000, 2000-01, 2002-03, 2006-07,

2007-08, 2008-09, 2010-11, 2012-13

5- Купа на Англија: 1989-90, 1993-94, 1995-96, 1998-99,

2003-04

4-Лига Куп на Англија: 1991-92, 2005-06, 2008-09,

2009-10

10-Суперкуп на Англија: 1990 (дели), 1993, 1994,

1996, 1997, 2003, 2007, 2008, 2010, 2011

2-Лига на шампиони: 1998-99, 2007-08

1-Куп на Победниците на Куповите: 1990-91

1-Суперкуп на УЕФА: 1991

1-Интерконтинентален куп: 1999

1-Светско клупско првенство: 2008