26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКливленд постигна 137, Голден Стејт 149 поени

Кливленд постигна 137, Голден Стејт 149 поени

durant-kari3

Кливленд и Голден Стејт се единствените фаворити за титулата во НБА лигата оваа сезона, а својата моќ овие два тима ја демонстрираа изминатата ноќ во дуелите со Портланд односно ЛА Лејкерс. Индивидуално блесна крилниот центар на Кливленд, Кевин Лав, кој во првата четвртина против Портланд постигна 34 поени.

Кливленд славеше над Портланд 137:125, а мечот целосно мина во знакот на Кевин Лав, иако Леброн Џејмс забележа трипл дабл (31 поен, 10 скока, 13 асистенции). Лав во првата четвртина постигна 34 поени, три повеќе од целиот тим на Портланд. Лав во првиот период постигна осум тројки, а мечот го заврши со 40 поени.

Инаку Лав и покрај постигнатите 34 поени во првата четвртина не успеа да го собори минагодишниот рекорд на Клеј Томпсон од Голден Стејт, кој на 23.јануари 2015 година, во една четвртина уфрли 37 поени.

Во сенка на остварувањето на Лав мина брилијантната партија на плејмејкерот на Портланд, Демијан Лилард, кој оствари двоен ефект од 40 поени и 11 асистенции.

Голден Стејт, минатата сезона загуби еден меч од ЛА Лејкерс, одмаздата за тој пораз беше и повеќе од сурова, Голден Стејт победи 149:106. Во победата екипата од Оукленд оставри дури 47 асистенции.

Блескаше ударното трио на Вориорс Стеф Кари (31 поен, 9 асистенции, 5 скока), Кевин Дурент (28 поени), Клеј Томпсон (26 поени).

Изминатата ноќ понуди неколку брилијантни индивидуални парти: Џејмс Харден со 29 поени и 15 асистенции не успеа да го спречи поразот на Хјустон од Торонто 102:115. Њу Орлеанс славеше против Минесота 117:96, а блескаше Ентони Дејвис со 45 поени и 10 скока. Сакрамено ја совлада Оклахома 116:101. Мечот мина во знакот на најдобрите играчи на двата тима: Демаркус Казинс за Сакраменто оставри 36 поени и 13 скокови, а Вестбрук ја предводеше Окалхома со 31 поен, 11 скокови и девет асистенции. Најдобриот дефанзивец во лигата Кавај Ленард со 30 поени го предводеше Сан Антонио до победата во Шарлот 119:114.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП