17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл го пропушта дербито со Барселона

Бејл го пропушта дербито со Барселона

%d0%b1%d0%b5%d1%98%d0%bb

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, поради повреда на глуждот на левата нога ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку две недели.

Реал Мадрид ќе биде без својот најскап играч на претстојното дерби со Барселона кое ќе се одигра на 3.декември.

Велшанецот се повреди на натпреварот против Спортинг во Лисабон, во рамките на Лигата на шампионите. Бејл теренот го напушти во 58.минута.

По натпреварот тренерот Зинедин Зидан ја потврди поврдата, истакнувајќи дека до неа не дошло поради контактот на Бејл со противничкиот дефанзивец Коатес.

Сѐ уште не е познато дали повредата ќе се решава со операција, доколку тоа се случи тогаш Бејл ќе паузира помеѓу шест и осум недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП