19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп на Македонија: Вардар чекор до полуфиналето

Куп на Македонија: Вардар чекор до полуфиналето

kup-na-rm

Фудбалерите на Вардар речиси обезбедија пласман во полуфиналето на националниот Куп, додека преостанатите три патници меѓу најдобрите четири екипи во Купот ќе се решаваат во четвртфиналните реванши.

Актуелниот шампион според очекувањата лесно славеше на теренот на второлигашот Металург. Асани, Николов, Попов и Петковски ги постигнаа головите за Вардар во победата 4:1.

Пелистер славеше против Силекс со минимален резултат, а единствениот гол го постигна Божиновски во 78.минута.

Победа и Брегалница играа во Охрид, мечот заврши 2:2. Ристески и Гешовски беа стрелци за Победа, а головите за Брегалница ги постигнаа Здравков и Велинов.

Голови немаше единствено на натпреварот помеѓу Шкупи и Шкендија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП