1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлатен медал за Ивона Давиткова на ,,Брисел Опен” - Белгија

Златен медал за Ивона Давиткова на ,,Брисел Опен” – Белгија

tigri22

Таеквондо клубот “Тигри – Скопје” учествуваше на меѓународниот натпревар “Брисел – Опен” – во Брисел, Белгија. Во категорија јуниори – 49 кг Ивона Давиткова освои златен медал, впишувајќи го најголемиот успех на клубот.

Највозбудливиот момент во финалната борба на Ивона Давиткова можете да го видите на следното видео (Ивона е во син оклоп).

Ивона само ја потврди одличната форма и продолжи со освојувањето на златните медали на меѓународни натпревари (вкупно 14). Ања Пејиќ освои бронзен медал во категорија кадети +59кг, Виктор Петковски во категорија пионери -44кг, се избори за бронзен медал со технички нокаут (супериорност во бодови) уште по крајот на првата рунда (13:1), во полуфиналната борба изгуби за 3 поени разлика, додека Марко Лазаревски во категорија пионери – 30кг и покрај одличната борба не успеа да помине прво коло, загуби на 2 поени разлика и покрај водството во првата рунда.

На овој голем меѓународен натпревар учествуваа клубови од моќните европски сили Белгија, Холандија, Франција, Германија, Шпанија, Италија, Шведска и останати земји од Европа. Тренерот Александар Ефтимов вели дека ова е огромен успех за натпреварувачите на таеквондо клубот Тигри – Скопје, кои успешно ја претставуваат Република Македонија на меѓународни натпревари.

Досега натпреварувачите на Таеквондо Тигри – Скопје во 8 годишното постоење на клубот имаат освоени 188 медали на меѓународни натпревари, а веќе во декември месец ги очекува уште еден меѓународен натпревар во Загреб, Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП