6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛас Вегас доби професионален тим

Лас Вегас доби професионален тим

Las Vegas Name Hockey

Лас Вегас, град кој е основан во 1905 година, конечно ќе добие професионален спортски тим.

Тимот кој ќе носи името Лас Вегас Голден Најтс од наредната сезона ќе започне да се натпреварува во северноaмериканската професионална хокеарска лига (НХЛ), потврдиле комесарот на лигата Гери Бетмен и сопственикот на новвата франшиза Бил Фоли.

Овие двајца во присуство на претставници на останатите тимови пред „T-Mobile“ арената го претставија логото на новиот тим.

„Сакаме нашиот тим да биде препознатлив по посветеноста, честа, силата, храброста. Сакавме името и логото да го претставуваат сето тоа, логото и името Златни витези го претставуваат сето она што е во суштина нашиот град, односно она што ќе биде наша мисија“, рекол Фоли.

T-Mobile арена има капацитет од 17.368 седишта и во неа два натпревара во претсезоната, во октомври, одиграа хокеарите на Лос Анџелес Кингс.

Првиот натпревар тимот од Лас Вегас ќе го одигра во сезоната 2017/2018.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП