21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИвановиќ се сели во Јувентус?

Ивановиќ се сели во Јувентус?

branislav-ivanovic-3353

Најтрофејниот италијански клуб кој во последните пет сезони ја освојува титулата во Серија А, Јувентус, во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да се засили со српскиот репрезентативец од Челзи, Бранислав Ивановиќ.

Јувентус се вклучи во трката по дефанзивецот на Челзи, Ивановиќ, кој по доаѓањето на новиот менаџер Антонио Конте, го загуби местото во стартната постава на тимот од „Стенфорд Бриџ“.

Челниците на клубот биле подготвени да му понудат годишна плата од 2,3 милиони евра, а услов за да биде реализиран овој трансфер бил десниот бек Стефан Лихштајнер да го напушти клубот.

Договорот на Ивановиќ со Челзи истекува по завршувањето на сезоната (јуни 2017 година), а според статусот кој го има кај Конте, јасно е дека клубот нема да му понуди нов договор.

Како што пишуваат медиумите во Англија, интерес за Ивановиќ покажале Барселона, односно премиерлигашите Вотфорд, Кристал Палас и Вест Хем.

Ивановиќ во Челзи пристигна во 2008 година од московска Локомотива, а интересно и тогаш Јувентус бил заинтересиран за неговите услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП