25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрус Арина нов селектор на САД

Брус Арина нов селектор на САД

23vecseyweb1-master768

Брус Арина е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на САД, тој на клупата ќе го наследи Јирген Клинсман кој доби отказ во понеделникот поради лошите резултати во квалификациите за пласман на СП.

Арина (65) зад себе има богато искуство како селектор на САД, тој го предводеше националниот тим од 1998 до 2006 година. Со Арина на селекторската функција Американците на Мундијалот во 2002 година стигнаа до четвртфиналето.

Официјално тој ќе ја преземе репрезентацијата на 1.декември.

Неговиот претходник Јирген Клинсман доби отказ по поразите од Мексико (1-2) и Костарика (0-4) во главната квалификациска фаза, во КОНКАКАФ зоната, за пласман на Мундијалот во Русија.

Од КОНКАКАФ зоната пласман во Русија ќе изборта најдобрите три селекции, а четвртопласираната ќе игра бараж против петтопласираната селекција од Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП