7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM ќе инвестира во британски центри за податоци

IBM ќе инвестира во британски центри за податоци

ibm-komp

Глобалната „IT“ група „IBM“ тројно ќе го зголеми бројот на своите центри за податоци во облак во Велика Британија, изјавија од Концернот, приклучувајќи се кон објавата од „Facebook“ и „Google“ за подготвеност да инвестираат во Велика Британија и покрај гласањето на Британците да ја напуштат Европската унија, пренесува „Ројтерс“.

„IBM“ објави дека ќе изгради четири нови центари за податоци, за да одговори на побарувачката од своите клиенти од јавниот и корпоративниот сектор, кои се почесто чуваат податоци и управуваат со својот бизнис преку облачните услуги.

Генералниот менаџер на „IBM“ Европа за облачни услуги Себастијан Краузе изјави дека инвестицијата ја рефлектира силата на економијата на Велика Британија и обемот на можностите на „cloud computing“.

„Клиентите од Британија навистина ги разбираат можностите на облакот и да дадат поттик на иновацијата да бидат пофлексибилни нивните бизнис модели, за да имаат подобра идеја при одлучувањето, како и за да се обезбеди подобра услуга на клиентите“, изјави тој во интервју.

„IBM“ ги оценил облачните капацитети во Велика Британија пред гласањето во јуни, но не гледа причина да го смени курсот во резултат на одлуката за „Brexit“.

„Сите сметаме дека економијата на Велика Британија ќе продолжи да биде многу силна и ќе има значителни можности, со или без „Brexit““, рече тој.

Технолошките директори балансираат меѓу британскиот ентузијазам кон технолошкиот сектор и присуството на таленти, поткрепен со универзитетите од светска класа и несигурноста на идните односи на земјата со Европската унија, а особено можноста за привлекување на работници од целиот економски блок.

Голем број на компании, вклучувајќи ги „Google“ и „Facebook“ веќе одлучија дека придобивките ги надминуваат ризиците, но тие го истакнаа значењето на можноста за привлекување на најдобрите луѓе.

„IBM“ вели дека нејзиниот белег во Велика Британија ќе се зголеми од два центри за податоци на шест, кои ќе им служат на клиентите, како на пример туристичката компанија „Thomson“, која е во сопственост на „TUI“, трговците „Boots“ и „Dixons Carphone“, и „National Grid“, како и владата. Компанијата сепак не ја открива големината на инвестицијата.

„Brexit“ сепак создава од друга страна несигурност за идната согласност на британските и европските правила за заштита на податоците, кои неодамна беа изменети.

Краузе рече дека „IBM“ е „добро опремена“ за секое сценарио по „Brexit“, така што има 10 центри за податоци во континентална Европа, кои може да се користи ако Велика Британија не се придржува кон европските стандарди во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП