3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите фудбалери во третиот шешир пред жрепката за ЕП

Младите фудбалери во третиот шешир пред жрепката за ЕП

21-mkd-irl-3-696x533

Младата фудбалска репрезентација на Македонија се наоѓа во третиот шешир во пресрет на жрепката за Европското првенство за фудбалери до 21 година, кое во јуни наредната година ќе се одржи во Полска.

Европската фудбалска унија соопшти дека покрај Македонија во третиот шешир ќе бидат Србија, Италија, Чешка, Словачка и бранителот на титулата Шведска.

Носители на извлекувањето ќе бидат Германија, Португалија и домаќинот Полска, а во вториот шешир ќе бидат Англија, Шпанија и Данска.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 1.декември во Краков, а ЕП ќе се одржи од 16. до 30. јуни наредната година.

Натпреварите во А групата ќе се играат во Киелце и Лублин, во Б групата во Гдањск и Бигодшч, а во Ц групата во Тихиј и Краков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП