
Идниот тренер на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола ќе добие скап подарок од раководството на клубот. Медиумите во Германија ја објавија сензационалната вест дека „баварците“ ја купиле ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марио Гетце. Германскиот репрезентативец ќе премине на „Алијанц-Арена“ за сума од 37 милиони евра. Раководството на Борусија не можеле да сторат ништо за да го задржат 20-годишниот фудбалер, бидејќи токму толку е износот наведен како ослободувачка клаузула во договорот на Гетце. На сличен начин минатото лето Баерн го „украде“ Хави Мартинес од Атлетик Билбао и покрај незаинтересираноста на „баскијците“ да го продадат играчот од средниот ред. Тогаш првите луѓе на Баерн платија рекордни во историјата на германскиот фудбал 40 милиони евра.

