10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Батлер 40 поени, Вестбрук трипл дабл (видео)

НБА: Батлер 40 поени, Вестбрук трипл дабл (видео)

butler-young-1

Денвер, Портланд, Чикаго, Сакраменто и Индија забележаа победи во НБА лигата, во натпреварите кои се одиграа изминатата ноќ. Индивидуално белснаа Џими Батлер од Чикаго и Расел Вестбрук од Оклахома кој го забележа петтиот трипл дабл во сезоната.

Чикаго Булс славеше над ЛА Лејкерс 118:110, најмногу поради партијата во стилот на Мајкл Џордан, која ја пружи Џими Батлер. Крлиниот играч на Булс натпреварот го заврши со 40 поени, седум скока и шест асистенции.

Расел Вестбрук оствари нов трипл дабал, но тоа не беше доволно Оклахома да слави против Индијана. Оклахома загуби по продолжението 111:115, а Вестбрук имаше учинок од 31 поен, 11 скокови и 15 асистенции. Индијана ја предводеше Џеф Тиг со 30 поени, пет скока и девет асистенции. Поранешниот играч на Атланта осум од своите 30 поени постигна во продолжението.

Сакраменто славеше против Торонто 102:99, благодарение на Руди Геј (23 поени) и Демаркус Казинс (19 поени, 10 скока). Кајл Лаури со 25 поени, осум скока и шест асистенции го предводеше Торонто.

Домашна победа над Јута запиша Денвер 105:91. Петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Џамал Мари со 18, додека кај Јута Гордон Хејвурд реалзира 25 поени.

Портланд во Бруклин ја прекина низата од три порази и ја запиша шесттата сезонска победа. Си Џеј Макалум со 33 поени го предводеше Портланд до победата 129:109. Робин Лопез беше најефикасен кај Бруклин со 21 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП