27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГермански боксер во индуцирана кома

Германски боксер во индуцирана кома

bokser

Откако паднал во соблекувалната по поразот, 34-годишниот германски боксер Едуард Гуткнехт е итно опериран поради крварење во мозокот и во моментов се наоѓа во индуцирана кома.

Гутнехт паднал во соблекувалната откако го загубил мечот од 28-годишниот Џорџ Гровес за интернационалната титула во WBA верзијата во супер-средна категорија, кој се одржа во „Вембли Арена“ во Лондон.

Во текот на мечот Германецот примил неколку тешки удари, а на крајот загуби по 12 рунди.

„Гуткнехт се наоѓа во индуцирана кома, но тоа е нормално имајќи ја предвид операцијата извршена над него, Се надеваме на најдоброто“, изјави претседателот на Германскиот боксерски сојуз, Томас Пуец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП