28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез победник во дербито Дела Мадонина

Без победник во дербито Дела Мадонина

91830811758321a6b55cd9773399662_w640

Милан и Интер одиграа без победник 2:2, во дербито Дела Мадонина. Мечот кој се одигра во рамките на 13.коло во Серија А го обележа двојниот стрелец за Милан, Сусо и Перишиќ со чии голови Интер израмни во 92.минута.

Милан беше поблиску до победата во 217-то дерби Дела Мадонина, два пати имаше предност, но не успеа да се одбрани.

Шпанскиот интернационалец Сусо постигна два убави гола во 43-та и 58-та минута. Интер првиот пат израмни преку Кандрева, која во 53-та минута од 22 метри упати вистински проектил во голот на Донарума, вториот пат стрелец беше Периш во 92.минута.

По 13 натпревари во Серија А Милан се наоѓа на делба на втората позиција со Рома, двата тима имаат по 26 бода, додека Интер е на скромното деветто место со 18 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП