23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари против Ѓоковиќ го потврди првото место

Мари против Ѓоковиќ го потврди првото место

15011070255831f3e7914e7370879434_w640

Енди Мари прв пат во кариерата го освои завршниот Мастерс, во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ за 100 минути игра 6:3, 6:4. Шкотскиот тенисер со овој триумф ја потврди првата позиција на АТП листата.

Енди Мари во овој момент е најдобриот светски тенисер, тоа го кажа и неговиот противник во финалето, Новак Ѓоковиќ. Мари одигра многу подобро од својот противник, на кого не му понуди многу шанси, а и кога ќе му ги понудеше Ѓоковиќ ретко знаеше да ги искористи.

„Зад мене е одлична година, во која се случија работи со кои се гордеам, особено тоа важи за првите шест месеци. Двајцата бевме дел од историјата на овој меч. Тој, во овој момент е најдобриот светски тенисер. Играше подобро, а јас во клучните моменти не успеав да се вратам. Како одминуваше мечот играв се подобро, но тоа не беше доволно“, рече Ѓоковиќ, кој во меѓусебните дуели води со 24:11.

Завршниот Мастерс 2016 влезе во историјата на тенисот бидејќи прв пат последниот меч во сезоната решеваше кој од двајцата тенисери годината ќе ја заврши на првото место.

„Ова е посебен ден, играв против Новак еден ваков меч. Сме играле многу финалиња, ова е едно тешко ривалство бидејќи многу пати сум губел. Не очекував дека ова може да се случи. Честитики за мојот тим, без нив немаше да го постигнам ова. Честитки за Новак на одличната година. Кога загубив во финалето на Ролан Гарос, тој во тој момент ги имаше во исто време сите четири Грен слем титули, тоа е неверојатно достигнување и мислам дека тоа уште доло време нема да го видиме во нашиот спорт“, рече Мари.

Што се однесува до статистиката двајцата имаа по 13 директни поени, но Мари имаше двојно помалку неизнудени грешки (15/30).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП