18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург убедлив во Норвешка

Металург убедлив во Норвешка

metalurg

Ракометарите на Металург, како гости, славеа над Елверум 31:26 (14:9), во седмото коло во Ц групата, во Лигата на шампионите.

Играчите на Лино Червар речиси одличен меч, а да не беше периодот од 24. до 34.минута кога на Елверум му дозовлија со серија 10:3, да се приближи на гол негатива (15:16), впечатокот ќе беше уште подобар.

Лино Червар го изненади колегата од спротивната страна, најголемиот дел од натпреварот, во нападот, го играше со седуммина во поле, а Норвеѓаните не беа подготвени ниту за Филип Кузмановски кој го одигра својот најдобар меч во досегашниот дел од сезоната.

Отвори Металург со 3:0, потоа ја зголеми предноста на 7:3, што иницираше тај аут на тренерот на ЕЛверум.

Следуваше, потоа уште една серија на Металург за убедлива предност 13:5, во 24.минута. Потоа избраниците на Червар влегоа во непотребна серија на технички грешки и му дозоволија на противникот полувремето да го заврши со негатива од пет гола (14:9).

Вториот дел Елеверум го отвори многу подобро, се доближи на гол негатива (16:15), но Металург не дозволи израмнување, туку ја стабилизира играта и започна да ја опдржува предноста од еден до три гола.

Клучниот удар на противникот Металург му го зададе во последната третина од вторрото полувреме, кога со серија 4:0 се одлепи на недостижни 29:23.

Филип Кузмановски блескаше на овој меч, со девет голови го предводеше Металург, а одличен настап имаше и Немања Обрадовиќ кој шест пати ја погоди мрежата на противникот.

Металург во Норвешка ја запиша треатат победа во Лигата на шампионите, прва на гостински терен и се израмни со Татран Прешов, својот следен противник, на табелата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП