Фудбалерите на Челзи минимално го совладаа Мидлзброу и по 12.коло се искачија на челната позиција во Премиерлигата. Единствениот гол на „Риверсајд“ стадионот го постигна Дијего Коста.
Челзи ја продолжи триумфалната низа во Премиерлигата, тимот на Конте се наоѓа во серија од шест победи, кои по 12 натпревари му ја донесоа челната позиција на табелата.
Дијего Коста го постигна единствениот гол против Мидлзброу во 41.минута, кога одлино се снајде пред голот на Виктор Валдез и меѓу тројца противнички дефанзивци, ја затресе мрежата.
Шпанскиот репрезентативец моментно е прв стрелец во Премиерлигата со десет голови.
Челзи на првото место има 28 бодови, еден повеќе од Ливерпул и Манчестер Сити, а три од Арсенал.
Во наредното коло Челзи ќе го пречека Тотенхем.