17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерија А: Несторовски ја продолжи гол серијата (видео)

Серија А: Несторовски ја продолжи гол серијата (видео)

nestorovski-535x300

Илија Несторовски ја продолжи голгетерската низа во италијанската Серија А, но неговиот Палермо претрпе нов пораз. Несторовски постигна гол во поразот на Палермо во Болоња 3:1.

Македонскиот репрезентативев напаѓач Несторовски е единственатат светла точка во тимот на Палермо оваа сезона. Несторовски во 13.коло на „Ренато Делара“ стадионот во Болоња постигна гол, за предност на Палермо, но потоа домаќинот постигна три гола за конечен триумф 3:1.

Голот кој го постигна во Болоња е седми за Несторовски од почетокот на сезоната во Серија А. Палермо е во лоша серија од шест порази и со само шест бдови се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Серија А, 13.коло:

Сампдорија-Сасуоло 3:2
Болоња-Палермо 3:1
Аталанта-Рома 2:1
Емполи-Фиорентина 0:4
Кротоне-Торино 0:2
Лацио-Џенова 3:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП