26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ демонстрираше сила пред мечот на сезоната

Ѓоковиќ демонстрираше сила пред мечот на сезоната

nole

Новак Ѓоковиќ го декласира Кеи Нишикори 6:1, 6:1 и избори пласман во финалето на завршниот Мастерс во сезоната. Ѓоковиќ го победи Нишикори за нешто повеќе од еден час игра.

Ѓоковиќ против Нишикори доминираше од првиот до последниот поен, сите удари му функционираа беспрекорно, а особено беше добар неговиот сервис кој му создаваше најмногу проблеми изминатите неколку месеци.

Српскиот тенисер во финалето ќе игра против Енди Мари што ќе биде кулминација на возбудливата тениска сезона, победникот покрај титулата ќе го обезбеди и првото место на крајот од годината.

Финалниот меч во О2 арената во Лондон ќе се одигра в недела од 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП