
Понижувачки пораз доживеа Барселона од Реал во кошаркарското Ел Класико, одиграно во осмото евролигашко коло. Реал во Барселона победи со 102:63. Гостинска победа, но минимална, забележа Олимпијакос во дербито на Атина против Панатинаикос.


Понижувачки пораз доживеа Барселона од Реал во кошаркарското Ел Класико, одиграно во осмото евролигашко коло. Реал во Барселона победи со 102:63. Гостинска победа, но минимална, забележа Олимпијакос во дербито на Атина против Панатинаикос.
Реал од почетокот го наметна својот стил на игра го отвори натпреварот со 7:0 и 9:1, а потоа само ја зголемуваше предноста. Во 39.минута на семафорот стоеше 101:54. Во последната минута Барса постигна девет поени за конечни 102:63 за Реал.
Љуљ со 20, Керол со 19 и Рендолф со 18 поени го предводеа реал до шестата победа во Евролигата, додека Барселона има скор 4/4.
Многу понеизвесно беше во дербито на Атина, каде никој од тимовите немаше предност поголема од десет поени.
Олимпијакос на теренот на ПАО славеше 79:77, а мечот го реши Принтезис кој на три секунди до крајот погоди под фаул.
Спанулис со 22 поени и Принтезис со 16 го предводеа Олимпијакос кој сега има скор 5/3, додека ПАО е на 4/4.
Во второто градско дерби, истанбулското Галатасарај направи мало изненадување со победата над Дарушафака 85:81. Плајс со 22, Прелџиќ со 17 и Мицов со 16 кошеви му ја донесоа втората победа сезонава на Галатасарај, а Дарушафака го запиша третиот пораз.
Лидерот ЦСКА предводен од Теодосиќ (25 поени) го победи Жалгирис 95:86. Српскиот бек стана осмиот најдобар стрелец во историјата на Евролигата. ЦСКа има скор 7/1, а Жалгирис 2/6.