3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛајпциг сензационален лидер во Бундеслигата

Лајпциг сензационален лидер во Бундеслигата

forsberg

Фудбалерите на Лајпциг славеа во Леверкузен 3:2 во првиот меч од 11-то коло во Бундеслигата.

Баер два пати имаше предност пред своите навивачи, но играчите на Лајпциг два пати успеваа да израмнат, а потоа и да стигнат до победа.

Баер постигна гол во првата минута преку Кампл, а Лајпциг израмни три минути подoцна со автоголот на Баумгартлингер. До нова предност домаќинот стигна во последните моменти од првиот дел кога гол постигна Брант.

Баер можеше во 54.минута да стигне до позитива од два гола но Чалханоглу промаши пенал.

Лајпциг тоа го искористи и 13 минути преку Форсберг израмни, а во 81.минута со голот на Орбан стигна до победата.

Со оваа победа, Лајпциг, екипа која постои само седум години, барем на еден ден ќе биде осамен на врвот во Бундеслигата со 27 бодови, три повеќе од Баерн кој в сабота во Дортмунд го игра дербито против Борусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП