14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиер лига склучи договор за емитување во Кина за 650 милиони долари

Премиер лига склучи договор за емитување во Кина за 650 милиони долари

liga-premier333

Англиската Премиер лига заработи од спортскиот бум во Кина, откако потпиша тригодишен договор за емитување на кинеска телевизија. Договорот е во вредност од над 650 милиони долари, тврдат извори запознаени со ова прашање, цитирани од „Bloomberg“.

Трансакцијата е склучена со „PPTV“, поделба на „Suning Holdings“, компанијата која купи мнозински удел во италијанскиот фудбалски тим Интер во јуни, дополнува извор кој побарал да остане анонимен.

Вредноста на договорот е околу 12 пати поголем од оној на сегашниот договор за телевизиски права во Кина. Новиот стартува од сезоната 2019-2020 година, открива изворот на агенцијата.

Претставници на Премиер лигата одбиваат да коментираат, а од „PPTV“ не одговорила на барањето за коментар. Од „Suning“ исто така не одговориле на прашањето на новинарите.

Ова веројатно е најголемиот договор во странство за Премиер лигата и е повразан со бумот на трошоците поврзани со фудбалот во Кина. Земјата треба да ја реализира желбата на претседателот Си Џинпинг за изградба на економијата околу фудбалот.

„Она што го имаме во моментов во Кина и го немавме пред три години, е огромната конкуренција за спортски преноси, која води до пораст на цените“, коментира Марк Дрејер основачот на веб „China Sports Insider“ со седиште во Пекинг. „Иако износот е најмалку од правата кои се плаќаат во Велика Британија и САД, не е јасно дали кинеските потрошувачи ќе плаќаат за да гледаат доволно и овие инвестиции да бидат вратени“, додава тој.

Премиер лигата одлучи да започне со продажбата на правата години пред истекот на тековниот договор во Кина со „Super Sport Media Group“. Сега важечкиот договор е во вредност од малку под 18 милиони долари годишно и беше склучен кога од лигата одлучија да се концентриаат на гледаноста, а не толку на генерирање на профит во Кина.

Шестгодишниот договор од 2012-та година беше потпишан по тригодишен договор со оператор на платена телевизија, кој најави дека дел од натпреварите привлекуваат под 1.000 гледачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП