6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнте Назор нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Анте Назор нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром

ante-nazor22

Поранешниот тренер на Сплит и на Задар, Анте Назор, е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако во петок официјално потпиша договор со клубот, кој е со важност до крајот на сезоната, но со можност истиот да се продолжи ако двете страни бидат задоволни од меѓусебната соработка, објави кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром.

Станува збор за 38-годишен хрватски стратег, кој зад себе има повеќе од солидно искуство предводејќи го задарскиот тим неколку сезони во АБА-лигата. Со само 26 години дебитира на клупата на поранешниот европски шампион Сплит, со кој една години подоцна (2005) доаѓа до победничкиот пехар во Купот на Хрватска. Новиот предводник на „металците“ има и импресивна репрезентативна кариера во младинските хрватски репрезентации со златен медал на Европското првенство (ЕП) за кадети во 2011 година, европско сребро и две бронзи со јуниорите во 2013 односно 2008 и 2014 година како и сребро и две бронзени медали со У17 и У19 на Светските првенства (СП) во 2015 односно 2009 и 2012 година.

Назор, кој ќе биде првиот тренер од Хрватска на клупата на МЗТ Скопје Аеродром во поновата ера на клубот, доаѓа на местото на Александар Јончевски, кој, пак, претходно го замени Емил Рајковиќ со кого беше почната сезоната. Неговото доаѓање во Скопје се очекува за сабота вечер, а првото запознавање со играчите треба да го има в недела.

Сино-белите, во петок, ќе ги одмерат силите со ФМП (18 часот) во меч од 10. коло од АБА-лигата, на кој ќе бидат предводени од помошниците Горан Крстевски и Драган Миленковиќ, кои потоа ќе му се стават на располагање на новиот тренер. Назор пред себе ќе има една седмица до дебито на клупата на аеродромци, следната недела на гости против Игокеа, време кои максимално ќе го искористи за аклиматизација, напорно тренирање и поставување на сопствениот систем врз кој ќе игра МЗТ Скопје Аеродром на следните натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП