6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче го договори Жељко Обрадовиќ до 2020 година

Фенербахче го договори Жељко Обрадовиќ до 2020 година

fenerbahce-ulker-basantrenoru-zeljko-obradovi-7055054_x_o

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, го продолжил договорот со Фенербахче. Турскиот шампион објави дека Обрадовиќ ќе остане во Истанбул до 2020 година.

Жељко Обрадовиќ, осумкратен клупски првак на Европа, во Фенербахче пристигна во 2013 година и во последните две сезони успеа турскиот тим да го однесе на завршниот турнир во Евролигата, а во последните три сезони да освои три шампионски титули во Турција.

Во својата кариера Обрадовиќ бил тренер на Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон и Панатинаикос, а како селектор ја предводел и репрезнетацијата на СР Југославија.

Од наведените клубови само со Бенетон не успеал да ја освои европската титула, а најмногу трофеи, вкупно пет, има со Панатинаикос.

Фенербахче покрај новиот договор со тренерот Обрадовиќ, во петокот, објави дека клубот потпишал и нов спонзорски договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП