17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДибала ќе потпише нов договор со Јувентус

Дибала ќе потпише нов договор со Јувентус

paulo-dybala-juventus_3345314

Италијанскиот Tuttosport, во своето најново издание, објави дека напаѓачот на Јувентус Паоло Дибала наскоро ќе го продолжи договорот со клубот.

Младиот аргентински напаѓач, како што шпекулираа италијанските и шпанските медиуми,
се наоѓаше во плановите на Барселона и Реал, особено што многумина го сметаат за легитимен наследник на Лео Меси, но тој по сѐ изгледа нема намера да го напушта Јувентус.

Tuttosport, пренесува дека наскоро тој ќе потпише нов договор, според кој во Торино ќе остане до 2021 година, а ќе добие и зголемување на годишната плата, односно ќе заработува шест милиони евра годишно, што е двојно повеќе од досегашната плата.

Според истиот извор двете страни ги договориле сите услови, а Дибала официјално својот потпис на новиот договор се очекува да го стави кон крајот на овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП