9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема тренира, но е неизвесен за мечот со Атлетико

Бензема тренира, но е неизвесен за мечот со Атлетико

benzi3999

Карим Бензема започнал да тренира со соиграчите од Реал, но и покрај тоа неговиот настап во саботното градско дерби со Атлетико е под знак прашалник.

Францускиот напаѓач го повреди мускулот на 6.ноември кога Реал со 3:0 го победи Легањес.

Според клупските информации, Бензема започнал да тренира со соиграчите, но и покрај тоа е неизвесен неговиот настап во градското дерби.

Доколку Бензама не може да игра против Атлетико, тоа дополнително ќе ги зголеми проблемите на Зинедин Зидан околу составувањето на тимот, бидејќи поради повреда дербито ќе го пропушти Алваро Мората.

Бензема оваа сезона има нешто помала минутажа во тимот на Реал, но и покрај тоа на 13 натпревари успеа да постигне пет гола.

Дербито на „Винсенте Калдерон“ ќе се одигра в сабота од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП