3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРозберг: Не знам на каков начин ќе и пристапам на трката во...

Розберг: Не знам на каков начин ќе и пристапам на трката во Абу Даби

rosberg-hamilton

Лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, Нико Розберг, рекол дека сеуште не знае на кој начин ќе и пристапи на последната трка во сезоната Големата награда на Абу Даби.

Розберг е лидер меѓу возачите со 12 бодови повеќе од клупскиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон. Германцот треба да заврши меѓу првите тројца во Абу Даби, без оглед на тоа дали Хамилтон ќе биде пред него, за да ја освои првата титула во кариерата.

„Воопшто не размислувам за последната трка. Ќе ве известам во четврток пред трката. Очекувам тежок викенд како и секогаш, во Формула 1 ништо не е лесно“, рекол Розберг.

На последните трки Хамилтон е во подбра форма, тој победи на последните три трки и успеа да ја намали предноста на Германецот, но во Абу Даби најмалку работи ќе зависат од него.

„Среќен сум што победив во Бразил и што Нико, кој вози ист болид, против мене немаше никакви шанси. Тој има одлична сезона, а и не се соочуваше со проблеми со кои јас се соочив. Јас многу често се наоѓав во чудни ситуации. Моите шанси се мали, но никогаш не се знае што може да се случи во трката“, рекол трикратниот светски шампион Хамилтон.

Траката за Големата награда на Абу Даби на патеката „Јас Марина“ ќе се вози на 27.ноември. Минатата година победник беше Розберг, а Хамилтон заврши на второто место

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП