ЦСКА Москва и Панатинаикос, во наредните натпревари нема да може да сметаат на услугите на по еден важен играч во ротацијата. ЦСКA ќе биде без Нандо де Коло неколку натпревари, додека Панатинаикос нема да може да смета на центарот Џејмс Гист два месеци.
Американецот Гист и Французинот Де Коло се повредиле во средата, во седмото евролигашко коло, кога Панатинаикос гостуваше кај Реал, а ЦСКА играше во Истанбул против Дарушафака.
Гист (30) по мечот со Реал, кој ПАО го загуби 87:84, се пожалил на повреда на препоната. Лекарските прегледи покажале дека тој најмалку два месеци ќе биде надвор од тимот.
Американецот, која веќе пет сезони е во ПАО, сезонава има просечни 10,7 поени и 4,7 скока по натпревар во Евролигата.
ПАО има скор 4/3 во Евролигата, а без Гист ќе биде во градското дерби против Олимпијакос, кое во осмото коло ќе се одигра в петок.
ЦСКА, објави дека неколку натпревари ќе биде без најдобриот играч во Евролигата, во минатата сезона, Нандо де Коло.
Францускиот бек се повреди во средата на мечот со Дарушафака, на кој европскиот првак го доживеа првиот пораз сезонава во Евролигата.
ЦСКА во петок ќе го пречека Жалгирис, а во наредните натпревари ќе игра против Бамберг, Арамни Милано, Барселона, Фенербахче.
Де Коло во првите седум кола има просек од 21 поен, 4,7 скока и 4 асистенции по натпревар.