ПочетнаИНТЕРЕСНОРаониќ втор полуфиналист на завршниот Мастерс

Раониќ втор полуфиналист на завршниот Мастерс

raonic-milos

Канадскиот тенисер Милош Раониќ од групата „Иван Лендл“ покрај Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.

Раониќ во директниот дуел за второто место го победи Австриецот Доминик Тим со 7:6, 6:3.

Канаѓанецот роден во Подгорица одигра добар меч, не му доволи на Тим ниту една брејк шанса, а имаше и повеќе нерви во тај брејкот, во првиот сет.

Прв во оваа група е Ѓоковиќ кој ги забележа сите три победи, Раониќ е втор, но овие двајца сеуште не ги знаат имињата на противниците во полуфиналето.

Во групата „Џон Мекинро“ Мари, Вавринка и Нишикори се борат за првите две места. Во петок на програмата се мечевите Нишикори-Чилиќ и Мари-Вавринка.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП