6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда го скрши Армани, Фенер им се врати на победите

Црвена звезда го скрши Армани, Фенер им се врати на победите

150774504582e0dec7373e584419096_w640

Кошаркарите на Фенербахче, Црвена звезда, Басконија и Макаби забележаа победи во првите натпревари од осмото коло во Евролигата.

Фенербахче, во градското дерби, против Анадолу Ефес ја прекина негативната низа од три победи. Фенер славеше 88:80 во натпревар во кој Перо Антиќ одигра само шест минути и постигна два поени. Слукас со 21 и Весели со 20 поени беа најзаслужи за петтата победа на Фенербахче во Евролигата.

Црвена звезда, во Белград, благодарение на одбраната и расположениот Симоновиќ го порази Армани Милано 83:70. Регионалниот шампион успеа да го лимитира Армани на 70 поени, иако италијанскиот првак во првите седум натпревари имаше просек од 90 постигнати поени по натпревар.

Симоновиќ постигна 23 поени (5/9 тројки), а Американецот Волтерс уфрли 14 поени, колку што кај Армани постигна Џентиле. Двата тима по осум кола имаат по четири победи и порази.

Басконија успеа да направи пресврт и да го совлада Бамберг 81:74. Бамберг на полувремето имаше предност од 15 поени, водеше до 38.минута, но на крајот загуби. Војгтман и Бубуа со по 20 поени ја предводеа Басконија до петтата сезонска победа.

Макаби, кој во минатото коло, славеше над Фенербахче, успеа да победи и во Казањ, кај Уникс. Смит со 16 и Ајверсон со 12 поени го предводеа Макаби до четвртата победа, додека кај Уникс остана на две победи најефикасен беше Ленгфорд со 22 поени.

Во петок на програмата се преостанатите четири дуели од осмото коло, а централен натпревар ќе биде оној помеѓу Барселона и Реал, а возбудувања се очекуваат и на градските дуели Олимпијакос-Панатинаикос и Галатасарј-Дарушафака. ЦСКА е апсолутен фаворит против Жалгирис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП