30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар го декласираше Рајн Некар

Вардар го декласираше Рајн Некар

vardar-ls-696x463

Ракометарите на Вардар направија голем чекор кон освојување на првото место во Б групата во Лигата на шампионите, откако во Франкфурт со убедлива игра славеа над Рајн Некар Левен со 33:27 (17:16).

Вардар го фрли на колена германскиот шампион, одигра во сите линии и предводен од Канељас, Циндриќ и Штербик стигна до шестата победа во седмиот натпревар во Лигата на шампионите.

Вардарци победата над Рајн Некар Левен ја најавија од самиот почеток на натпреварот, отворија со 2:0, потоа 4:2, а кога стигнаа до 7:4, домашниот тренер Јакобсен го побара првиот тајм аут.

И по минутата одмор Вардар продолжи да го диктира ритамот и во 13. минута стигна до максимална предност во тој момент (9:5).

Германскиот шампион успеа да се врати во моменти кога Вардар не успеа да ја спречи соработката на бековите со пикерот 14:14 во 26-та, а потоа и да го забележи првото и единственото водство на натпреварот 16:15 во 28. минута.

На полувреме Вардар замина со предност 17:16, а во второто полувреме, слично како против Кјелце, го растури противникот.

Одбраната функционираше беспрекорно, Штербик влезе во ритам, по што Вардар во 44. минута стигна до позитива 27:20. Четири минути подцна беше 28:20, па 30:21.

Кога Раул Гонзалес реши малку да го одмори Канељас, Рајн Некар постигна пет гола во низа и намали на 30:25, но Вардар повторно се врати во вистинскиот ритам за конечни 33:27.

Канељас блескаше во нападот заедно со Циндриќ, Шпанецот го одигра најдобриот меч во ресот на Вардар постигна десет голови, три повеќе од Циндриќ. На голот брилијантен беше Штербик кој заврши со 13 интервенции, од кои 10 беа во второто полувреме.

Вардар во наредното коло ќе му биде домаќин на Рајн Некар, натпреварот ќе се одигра на 26. ноемри во 17:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП