3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го тужи Сантос поради трансферот на Габигол

Барса го тужи Сантос поради трансферот на Габигол

gettyimages-610794158-1-1024x615

Фудбалскиот клуб Барселона го пријавила во ФИФА бразилскиот Сантос и побарала обештетување бидејќи Бразилците не го испочитувале договорот кој го имале во врска со продажбата на младиот Габриел Барбоса Алмеида, во фудбалскиот свет познат под прекарот Габигол.

Според пишувањето на Мундо Депортиво, каталонците имале право да го откупат 20-годишниот Бразилец, благодарение на договорот со Сантос кога овој клуб на Барселона и го продаде Нејмар во 2013 година.

Барселона тврди дека без нивно знаење Сантос, играчот му го продал на Интер и бара да биде обештетена со 7,9 милиони евра.

Кога Нејмар во 2013 година потпиша за Барселона, во купопродажниот договор била вметната клаузула дека Барса има право да го купи младиот напаѓал, а во случај каталонците да се откажат тогаш тој да им биде понуден на другите клубови.

Од друга страна преставниците на Сантос тврдат дека два дена пред истекот на летниот преоден рок доставиле документација со која ги известиле челниците на Барселона за трансферто на Габигол во Интер.

Интер за играчот кого го нарекуваат и новиот Нејмар плати 27,5 милиони евра, но од доаѓањето на „Џузепе Меаца“ тој има одиграно само 16 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП