18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо тргнува по Џејмс Родригез

Мурињо тргнува по Џејмс Родригез

james-696x480

Менаџерот на Манчестер Јунајтед побарал од челните луѓе на клубот, во јануарскиот преоден рок, да биде реализиран трансферот на Џејмс Родригез од Реал Мадрид.

Шпанскиот весник Дон Балон обелодени дека Мурињо ќе тргне по Колумбиецот, а клучен човек во реализација на трансферот треба да биде менаџерот Жорж Мендеш, кој е застапник на Мурињо и фудбалерот.

Џејмс Родригез е незадоволен во Реал, не добива многу можности да игра, а и неодамна клубот го одбил кога побарал да има иста плата како Серхио Рамос и Герет Бејл. Финансиските услови Јунејтед е подготвен да му ги исполни, а и Мурињо му гарантира место во тимот.

Манчестер Јунајтед е подготвен за Колумбиецот да понуди 40 милиони евра, но прашање е дали Реал ќе се согласи да го продаде за таа сума, бидејќи во 2014 година за неговите услуги на Монако му плати речиси 85 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП