21 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок во Рајн Некар, Ду Риц ја завршува кариерата

Шок во Рајн Некар, Ду Риц ја завршува кариерата

987442766-rhein-neckar-loewen-croatia-zagreb-x04pqetdga7

Еден од најдобрите шведски ракометари во овој момент, Ким Едгал ду Риц, објави дека во 27 година од животот ќе стави крај на својата професионална кариера.

Ду Риц кој е играч на германскиот првак Рајн Некар, со оваа своја објава ја шокира спортската јавност, бидејќи се наоѓа во најдобрите ракометни години.

Инаку, тој е познат по своите помалку чудни одлуки, бидејќи пред две години реши да се повлече од националниот тим.

Како што објави левиот бек од ракометот ќе се повлече по завршувањето на сезоната, односно кога ќе заврши неговиот договор со Рајн Некар.

Причината поради која Ду Руц ја завршува кариерата е неговата желба да ги проучува другите народи, нивните култури и туристичките знаменитости.

Ким Екдал ду Риц паралелно со ракометната кариера студира и психологија. Левиот бек, во четврток со Рајн Некар ќе игра против Вардар во рамките на седмото коло во Б групата, во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП