27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУсловна затворска казна за поранешниот репрезентативец Илчо Наумоски

Условна затворска казна за поранешниот репрезентативец Илчо Наумоски

lico3339

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Илчо Наумоски (33), за учество во два инциденти во Австрија, добил седуммесечна условна затворска казна. Доколку поранешниот играч на Матерзбург, го повотори делото тогаш ќе се соочи со затворска казна.

Илчо Наумоски најголем дел од кариерата (2005-2013) ја мина во Матерзбург, тим за кој одиграл 227 натпревари и постигнал 51 гол.

Од овој период се и двата инциденти поради кои поранешниот македонски репрезентативец на Македонија заврши на суд и поради кои доби условна казна.

Како фудбалер на Матерзбург, пред шест години, на дуелот со Винер Нојштад, Наумоски удрил противнички играч, кој се здобил со потрес на мозокот и скршена јаболчница.

Вториот инцидент, во кој бил инволвиран Наумоски, се случил во ноќен клуб во Виена, во кој фудбалерот заедно со двајца пријатели учествувал во тепачка, во која било повредено 24-годишно момче.

Казната која ја доби Наумоски е условна, но тој може да заврши зад решетки доколку го повтори делото во наредните три години.

Наумоски во кариератра играл во Стокерау, Грацер, Матерсбург, Малатијаспор, Интер Баку и Вардар. Тој за Македонија има одиграно 45 натпревари и постигнато девет голови, од кои се издвојуваат победничкиот против Шкотска (1:0) во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2010 година и голот против Хрватска (2:0) во квалификациите за пласман на Европското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП