6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Капела на постерот на Вестбрук, порази на Кливленд и ЛА Клиперс

НБА: Капела на постерот на Вестбрук, порази на Кливленд и ЛА Клиперс

Dallas Mavericks at Boston Celtics

Единаесет натпревари беа на програмата во НБА лигата изминатата ноќ, на осум од нив победи забележаа екипите кои играа на домашен терен.

Во ноќта помеѓу средата и четвртокот беа прекинати победничките серии на Кливленд и ЛА Клиперс, Голден Стејт победи во Торонто, а Расел Вестбрук со спектакуларно забивање на пет секунди до крајот на мечот против Хјустон обезбеди нова победа за Оклахома.

Кливленд со и без Леброн Џејмс е поинаков тим. Шампионот без својот најдобар играч загуби од Индијана 103:93. Во Индијанаполис само Кевин Лав (27 поени, 16 скокови) и Кајри Ирвинг (24 поени) беа на очекуваното ниво, додека потфрлија останатите во тимот на Кливленд. Остатокот од стартната петорка на шампионот збирно постигна девет поени.

Марк Гасол постигна тројка на 14 секунди до крајот на мечот во Лос Анџелес, со која Мефис славеше над Клиперс 111:107. Клиперси со овој пораз ја прекинаа серијата од седум победи, но и понатаму се лидер во Западната конференција со скор 10/2.

Голден Стејт е зад Клиперси на табелата, скор 9/2, откако во Торонто победи со 127:121. Блескаше двоецот Стеф Кари (35 поени, 7 асистенции) и Кевин Дурент (30 поени, 9 скока, 6 асистенции). Демар Дерозан го предводеше Торонто со 34 поени, а уште четворица во тимот постигнаа двоцифрен број на кошеви.

Расел Вестбрук со забивање преку Клин Капела и ја обезбеди победата на Оклахома над Хјустон 105:103. Вестбрук мечот го заврши со 30 поени, седум скока и девет асистенции. Кај Хјустон лошо шутерско издание имаше Џејмс Харден кој постигна 13 поени, на кои надополни 13 асистенции.

Резултати: Индијана-Кливленд 103:93, Орландо-Њу Орлеанс 89:82, Филалделфија-Вашингтон 109:102, Атланта-Милвоки 107:100, Бостон-Далас 90:83, Њујорк-Детроит 105:102, Оклахома-Хјустон 105:103, Торонто-Голден Стејт 121:127, Денвер-Феникс 120:104, ЛА Клиперс-Мемфис 107:111, Сакраменто-Сан Антонио 105:110, Њујорк-Детроит 105:102.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП