5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМареј во маратонски меч го победи Нишикори

Мареј во маратонски меч го победи Нишикори

mari-nisikori-696x418

Енди Мареј е вториот тенисер кој избори пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон. Британецот во неверојатен меч го совлада Кеи Нишикори 6:7, 6:4, 6:4.

Енди Мареј во групата „Џон Мекинро“ има две победи, Нишикори победа и пораз, тој својата шанса за пласман во полуфиналето ќе ја бара во последното коло протв Марин Чилиќ.

Британецот и Јапонецот одиграа прекрасен меч, полн со темпо, неверојатни поени и пресврти. Мареј славеше со пресврт по три часа и 20 минути игра.

Нишикори првиот сет го доби во тај брејк, откако ја искористи петтата ме топка. Вториот сет Мареј го отвори со брејк, но Нишикори се врати во осмиот гем сервираше за вдство во деветтиот кога повторно го загуби својот сервис, а потоа Мареј успеа да израмни на 1:1.

Физички и психички падна Јапонецот во третиот сет, Мареј напраи двоен брејк, Нишикори успеа да врати еден но немаше сили за пресврт.

Мареј мечот го заврши со 30 винери и 38 неизнудени грешки, додека Нишикори имаше 35 директни поени и 51 неизнудена грешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП