24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Убедливи победи за Вардар и Шкендија

ПМФЛ: Убедливи победи за Вардар и Шкендија

vardar-makedonija

Вардар ја одржа предноста од седум бодови во однос на Шкендија и по 14-то коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако и двата тима забележаа убедливи победи над Македонија ЃП односно Брегалница.

Покрај лидерскиот двоец, во 14-то коло победи забележаа Пелистер над Ренова и Силекс против Работнички, додека Победа ремизираше во Скопје против Шкупи, и тоа е единствениот бод кој гостинските екипи го освоија во ова коло.

Резултати, 14.коло:

Пелистер-Ренова 1:0
Шкупи-Победа 1.1
Шкендија- Брегалница 5:2
Вардар-Македонија ЃП 4:1
Силекс-Работнички 2:1

Табела: 1. Вардар 34, 2. Шкендија 27, 3. Пелистер 25, 4. Работнички 20, 19, 5. Ренова 19, 6. Силекс 18, 7. Шкупи 15, 8. Победа 11, 9. Македонија ЃП 10, 10. Брегалница 9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП