29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвиот фудбалер милијардер!

Првиот фудбалер милијардер!

mili-cr7-02

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалер во светот, кој ќе ја премине границата од 100 милиони евра годишни приходи.

Минатата недела „CR7“ потпиша нов петгодишен договор со својот тим, што ќе му обезбедува 48 милиони евра годишно. Заедно со бонусите, Роналдо ќе може да ја премине границата од 50 милиони евра приходи само од Реал Мадрид.

Одделно, фудбалерот неодамна потпиша и доживотен договор со „Nike“ кој ќе му обезбедува 22.5 милиони евра. Тоа е само третиот доживотен договор кој „Nike“ го потпишува со спортист, а до овој момент оваа чест имаат Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

mili-cr7-03

Со средствата од над 100 милиони евра, во наредните години е прашање само на време кога Роналдо ќе биде дел од листата на милијардери, следени од списанието „Forbes“ и „Bloomberg“.

Во 2016-та година Роналдо ја зазеде челна позиција во листата на „Forbes“ меѓу фудбалерите кои најмногу заработуваат, откако додаде 82 милиони евра.

mili-cr7-04

Тој е само вториот спортист од колективен спорт, да ја предводи листата во нејзината историја. Од 1990-та година до денес тоа го оствари само Мајкл Џордан, кој веќе поседува 1,1 милијарди долари (малку над 1 милијарда евра).

Богатството на Роналдо до денес се проценува на над 320 милиони долари, или малку под 300 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП