20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНорвешкиот селектор поднесе оставка

Норвешкиот селектор поднесе оставка

87ef60be5968353092c0662ee34f2d3e3583083c

Селекторот на фудбалската репрезентација на Норвешка, Пер Матијас Хегмо, во средата, си поднел неотповиклива оставка на функцијата.

Норвешка со големи амбиции влезе во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2018 година, но по четири одиграни натпревари во Групата Ц оваа селекција се наоѓа на последното место со само три освоени бода.

Норвешка, во петокот, загуби во Прага од Чешка 2:1.

Лошите резултатите го поттикнаа селекторот Хегмо да си поднесе оставка на селекторската функција.

Инаку, Норвешка на листата на ФИФА се наоѓа на 81-то место, што претставува најлош пласман во историјата на оваа репрезентација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП